Македонија
6. April 2021 - 19:24

Спасовски: Кривични пријави за 10 лица и 9 уапсени во случајот „Мафија“

На денешната вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека кривични пријави добиле 10 лица а 9 лица се уапсени во случајот „Мафија“.

- Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица од коишто 9 се приведени и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното Обвинителство и надлежниот Суд, соопшти Спасовски. 

Министерот информираше дека истрагата за случајот „Мафија“ започнала 20 февруари 2019.