Спасовски: Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност
Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност и слично. Едноставно имате луѓе кои се чесни, одговорни, но и луѓе кои ги прекршуваат нормите на државата. Ние мора да отвориме една беспоштедна борба против криминалот и корупцијата.
Ова денеска во Кавадарци го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорарајќи на новинарско прашање околу последните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, дека „власта ги апси нивните видни членови од раководството, за да ги покрие своите лоши политики“.
Наша обврска и задача, рече, е да се бориме против криминалот и корупцијата.
– Имаме низа случаи што значат справување со криминал и во рамките на институциите на системот на сегашни функционери, нагласи министерот, притоа споменувајќи неколку случаи.
Тој се осврна на тоа, како што рече, дека криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја водело државата изминати 12 години.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра

