Спасовски: Избори мора да има
Веќе нема потреба од вонредна состојба, и избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, изјави денеска во Струмица премиерот Оливер Спасовски.
-Во моменти кога не може да се договарат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предидвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите. Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните. Република Македонија има потреба итно да се вратат сите институции во полн капацитет и Собранието и нова политичка влада и сите институции затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, меѓутоа имаме и многу проекти кои што треба да продолжат да се градат како капитални инвестиции. Така што, избори мора да има во државата, рече премиерот Спасовски, кој присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило на струмичката болница заедно со министерот за зравство Венко Филипче и лидерот на СДСМ,Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка