Спасовски: Институциите покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори
Институциите на РСМ покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори како што и доликува на земја која наскоро ќе стане членка на НАТО и е на пат за членство во ЕУ, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција по затворањето на гласачките места за избор во првиот круг на претседателските избори.
-Гласањето во текот на дешениот ден помина мирно и без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, рече Спасовски.
Информираше дека во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачко ливче и дека сторителите се приведени, а регистрирано е и едно оштетувања на гласачка кутија од лице под дејство на алкохол во Новаци.
Во село Кучичино регистрирано е лице кое делело рекламен материјал со еден од кандидастите за претседател и за тоа е известено Обвинителството, нагласи Спасовски.
Тој на граѓаните на нашата држава им честиташе за мирниот изборен ден, се заблагодари на припадниците на МВР кои ги преземаа сите мерки за изборниот процес да помине демократски и фер.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите