Спасовски: Институциите гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот
Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Секој граѓанин, како што истакна во видео-обраќање Спасовски, треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.
- Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Макеоднија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните, рече Спасовски.
Тој најави дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас.
- Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид пристисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран, наведе Спасовски.
Ново на Сител
-
Ковачевски за навредите од Џафери упати на Собранието - Ахмети избегна коментар за спикерот
-
Мерката „замрзната маржа“ на основните прехранбени артикли завршува на 31. мај - ќе има ли нови мерки или повисоки цени?
-
Министерот Бочварски во увид на изградбата на автопатот Кичево – Охрид
-
Ковачевски не знае дали нов Клинички центар би се градел во неговиот мандат - Мицкоски не лицитира со пари
-
Телото извлечено од Дунав е на Матеј Периш, обдукцијата покажа ненасилна смрт
-
Литургија на помирување во црквата „Свети Сава“ во Белград
-
Фармерите бараат повисока цена за свинското месо
-
Од понеделникот 1730 украински борци се предале од челичарницата Азовстал во Мариопол