Македонија
16. January 2016 - 17:40

Спасовски и Стефановиќ го посетија прифатниот центар „Винојуг“

Бегалската криза не е регионален туку глобален проблем. Ниту Македонија, ниту  Србија,  но и останатите земји од регионот неможат да го надминат сами и затоа решението за него треба да се бара заедно со Европската Унија, ова е ставот на министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија кои беа во посета на транзитниот центар за мигрантите  кај Гевгелија и јужната гранична линија   на која веќе извесен период македонските полицајци добиваат поддршка од нивните колеги од Србија.

-Правиме напори со сите можни средства, знаења и умеења да се справиме со криумчарење  или со тие илегални поминувања на границите. Можам да ви  кажам дека за овој период додека работиме заедно со колегите од Србија имаме седум такви обиди на криумчарење на нелегални мигранти, рече Оливер Спасовски – технички министер за внатрешни работи.

За српскиот министер за внатрешни работи бројката од над 600 000 мигранти кои беа регистрирани минатата година само покажува дека ова не е нешто што ќе помине брзо, токму затоа  земјите  од регионот интензивно ќе работат на воспоставување  на квалитетен систем за биометриска регистрација со цел тоа да биде единстевен систем и да не мора секоја земја тоа да го работи поединчено.

-Се разбира дека пред се очекуваме јасни ставови од Европа кои се државјаните кои тие сакаат да ги примат за потоа тоа да не биде проблем на нашите држави и да не биде дека ние сме тие кои нешто сакаме или не. Ние сме подготвени да соработуваме со сите меѓународни институции и со сите држави од Европа  како би можеле да обезбедиме тој бран да помине потполно мирно, рече  Небојша Стефановиќ  - министер за внатрешни работи на Република Србија.

Припадниците на српската полиција во Македонија пристигнаа на крајот Покрај дваесетте српски  на јужната гранична линија во моментов има  31 унгарски и 6 полицајци од Словенија.