-->
-->
Спасовски и Минити ќе ја зајакнат борбата против организираниот криминал и финаниските истраги
-->
- Подготвеност за продлабочување на соработката, особено во областа на организираниот криминал и финансиските истраги изразија на денешната средба во Трст министрите за внатрешни работи на Македонија и Италија, Оливер Спасовски и Марко Минити.
Тие ја потенцираа одличната соработка меѓу двете министерства, која како што потенцираа се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.
На средбата, како што соопшти МВР, е ставен акцент на соработката во областа на борбата против дрога, а во таа смисла претставници од македонското МВР присуствуваат на обуки за борба против трговија со дрога, главно во Централната дирекција за борба против дрога во Рим.
Минити ја потенцираше безрезервната поддршка од Италија за реформите во Македонија.
Министерот Спасовски вчера и денеска учествува на Завршната министерската конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право“, која се одржува во Трст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората