Македонија
16. April 2020 - 12:55

Спасовски и Филипче не дојдоа на Советот на безбедност, дали ќе одат во изолација?

Премиерот Спасовски и Министерот за здравство Филипче, како и вицепремиерот Османи не дојдоа на денешната седница на Советот за безбедност откако вчера имаа средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски  кој утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид 19.
Освен Османи кој најави дека ќе биде во изолација до вторник кога ќе се тестира се уште нема официјална информација дали во изолација ќе одат и Филипче и Спасовски. 
 
Од кабинетот на Спасовски велат дека уште прават анализа на состојбата а нема информација ниту од кабинетот на Филипче.
 
Претходно, по контакт со инфициран новинар, лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беа ставени во изолација.
 
Александар Спасовски