Македонија
14. January 2020 - 10:51

Спасовски го поканил Вартоломеј да ја посети Македонија

Средбата со патријархот Вартоломеј има за цел да воспостави комуникација со Цариградската патријаршија, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.
 
Вели дека го поканил да ја посети Македонија за да се зацврстат односите со братскиот народ и на религиска основа.
 
- Ние навистина сме многу задоволни од средбата, охрабрени сме од зборовите дека оваа наша комуникација ќе продолжи и понатаму.
Даниел Василев