Македонија
28. January 2021 - 13:16

Спасовски: Две лица приведени вo врска со случајот „Јавна соба“

Едно лице од Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, соопшти на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

 

Спасовски додаде дека МВР во координација со јавното обвинителство работат со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.