Спасовски: До крајот на летото очекувам да се постават камери кои ќе регистрираат прекршоци на патиштата и низ градовите
До крајот на летото се очекува поставување на камери на автопатиштата, експресните патишта, но и низ градовите, кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, најави денеска од Штип, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на прашање на МИА дали ќе се постават камери на патните делници, бидејќи само за неколку дена во две одделни сообраќајни несреќи во источниот регион загинаа четири лица.
-Во однос на поставувањето на камери коишто ќе овозможат на тој начин електронски да се заврши практично контролата во овој дел, не само на автопатиштата, туку и во градовите, ние веќе започнавме со реализација на целиот тој проект. Јас очекувам дека можеме некаде до крајот на ова лето да биде инсталиран системот и да се започне со тој вид на контроли со тоа што нема да биде и постојниот начин на контролирање на безбедноста во сообраќајот запоставен. Напротив, сите многу активно ќе се вклучиме во овој дел, вели Спасовски.
Министерот за внатрешни работи појасни дека целиот тој проект е генерално за да се опфатат сите делови.
-Да, да, сите делови на државата затоа што ќе постојат и фиксни и мобилни уреди коишто ќе можат да бидат поместувани на различни делови, не само на еден магистрален, регионален или, пак, автопат. Така што, идејата е да опфатиме што е можно поголема територија на државата и секако понатаму да има можност да тој проект се проширува и да се користи. Важно е дека на тој начин не само во делот на сообраќајот, туку и во делот на јавната безбедност ќе имаме можност поголема за да имаме поголем успех во ефикасноста во работењето, вели Спасовски.
Забележа дека во однос на сообраќајните контроли неколкукратно се зголемени тие контроли во текот на сите овие години, тргнувајќи од 2017 година до денеска и резултатите коишто се постигнуваат се видливи.
- На пример, денеска ме брифираа колегите од СВР Штип на подрачјето на СВР Штип имаме ист број на алко-тестирања како и минатата година. Меѓутоа, возачите коишто биле под дејство на алкохол биле драстично помалку оваа година отколку минатата. Тоа покажува дека мерките даваат резултати и тука не треба да се застане, туку напротив треба да се интензивираат уште повеќе тие контроли, потенцираше Спасовски.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон