Спасовски: Да заокружиме „ЗА“, да ја обезбедиме иднината за младите
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски за време на вчерашната посета на Кичево, се сретна со граѓаните и учествуваше на отворена граѓанска трибина.
Пред присутните граѓани министерот Спасовски говореше за придобивките за Македонија со влезот во Европската унија и НАТО сојузот.
- Со членството во НАТО се гарантираат границите на Република Македонија, територијалниот интегритет, обезбедуваме мирен сон, на нашите семејства на нашите деца и преку таквата стабилност ги затвораме сите отворени прашања кои што 28 години демнеа над Република Македонија, рече Спасовски.
ЕУ, потенцира, значи отворање на Македонија кон светот и најважно прифаќање на европските вредности во нашата држава.
- Нема поголемо признание од тоа македонскиот јазик да биде официјален јазик и нашето кирилско писмо кај петстотини милиони граѓани, нема поголемо признание, нашиот идентитет кој е загарантиран да биде рамноправен со сите членки на европското семејство, додаде тој.
Спасовски ги повика граѓаните без разлика на нивната верска, национална, етничка или политичка припадност, да се вклучат во процесот за интеграција во ЕУ и НАТО, на 30 септември да излезат на референдумот и да гласаат „ЗА“ и со тоа да придонесат да се оствари сонот на претходните, сегашните и на идни генерации.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто