Спасовски: Безбедносната состојба во Прилеп е добра, набрзо со детали за поставените рачни бомби
Многу брзо може да излеземе со детали, зашто се преземаат низа активности за кои се надевам дека ќе ги дадат очекуваните резултати, како и поврзаноста на овие случувања со некакви претходни случувања со одредени групации, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето за двете фрлени рачни бомби во Прилеп за период од десетина дена.
Спасовски денеска ја посети прилепската полициска станица и присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција во Прилеп.
-Врз основа на средбата што ја имавме во полициската станица во Прилеп и по изнесените податоци може да констатираме дека безбедносната ситуација во Прилеп е мирна и стабилна и нема елементи на нарушувањер на безбедносната состојба во градот и граѓаните треба да бидат спокојни. Секако дека перцепцијата не е добра кога ни се случуваат вакви настани. Се работи на нивно расчистување, рече министерот.
Додаде дека мошне брзо ќе излезат со детали за случаите, напоменувајќи дека интензивно се работи на нивно расчистување.
-Како тим на полициската станица, јавното обвинителство, работиме заедно, преземаме мерки. овие настани треба да се расчистат. Ќе се расчистат до крај. Меѓутоа, таква борба против криминалот, корупцијата, мора интензивно да продолжи во иднина и да биде неселективно за што се договоривме и при денешната средба со полициската станица и со прилепската локална самоуправа, изјави Спасовски.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци