Македонија
18. April 2018 - 17:23

Спасовски: Апсењето на Азири не е задоцнето

Апсењето на Фејзи Азири не е задоцнето смета првиот човек на МВР откако бегството на еден од обвинетите во Монструм го одложи вчерашното рочиште. Азири беше приведен вчера попладне на клиниката за Пулмологија по потерница од затворот Штип од каде добил 30 дневен отпуст но не се вратил во затворот.  Затворот ги известил судот и управата за санкции за бегството на азири на 28 февруари.

„Апсењето на Фејзи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен“, вели Спасовски.

Се уште се во бегство уште двајца обвинети за убиството кај Смилковското езеро. Спасовски велид ека поилицијата има одредени информации за обвинетите Алкил Демири и Африм Исмаиловиќ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека власта си поигрува со семејствата на убиените деца и дозволува опасни криминалци да бегаат од затворите.

- Повторното судење за случајот „Монструм“ под режија на СЈО кое требаше да почне вчера, беше одложено за 15-ти мај, поради бегство на еден од обвинетите, Фејзи Азири. Тој повеќе од месец ипол е во бегство од штипскиот затвор, каде издржувал казна затвор од шест ипол години за нелегално поседување на оружје. Иако Азири месец ипол е во бегство, ниту судот, ниту управата за санкции го барале, ниту пак знаеле каде е. По објавувањето на скандалот и по притисокот на јавноста, лицето е обезбедено, но не е вратено во затвор. Да почитувани граѓани, ова го има само во Република Македонија под власт на СДСМ, вели Костовски.

Судењето за Монструм ќе продолжи во следниот месец. Семејствата на убиените момчиња побараа Специјалното јавно обвинителство да ги обезбеди транскриптите од прислушуваните разговори во кои според нив се открива инволвираноста на високи функционери на ДУИ во целиот случај.