Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска е во посета на Меѓународниот центар за обука на Меѓународната организација на трудот во Торино, Италија.
Спасов, како што информира МТСП, остварил средба со директорот на Центарот Јангју Лиу и директорот на МОТ за Централна и Источна Европа Антонио Грациози.
- Овој Центар претставува глобален провајдер кој спроведува обуки и програми за влади, организации на работници и работодавачи во делот на социјалниот дијалог, трудова администрација, вработување и развој на вештини и други области, се вели во соопштението од МТСП.
Спасов го информирал домаќинот дека во Република Македонија континуирано се работи на социјален дијалог и оти се спроведуваат бројни мерки за вработување и услуги, наменети за поттик на вештините на невработените лица. Министерот Спасов, како што се наведува, истакнал дека е потребно постојано усовршување на вработените во Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, а токму Центарот нуди обука и други сродни услуги со кои се развиваат човечките ресурси и институционалните капацитети.
- На средбата беше договорена интензивна соработка во наредниот период, што се подразбира организирање наменски обуки од областа на пазарот на трудот, безбедност и здравје при работа, социјален дијалог за вработени во Министерството за труд и социјална политика, Државниот трудов инспекторат и Агенција за вработување, стои во соопштението од МТСП.
Меѓународната организација на трудот и италијанската влада го основаа Меѓународниот центар за обука во 1964 година во Торино, Италија, како институт за напредна стручна обука. Оттогаш тој прераснал во престижен центар за обука на работното место на високо ниво. Обуките се одвиваат во Торино, во матичните земји на слушателите на курсевите или преку интернет.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората