Спорт плус
22. September 2016 - 18:59

Спасески: Очекувам ефекти од новите мерки за финансирање на спортот на среден рок

АМС ја организираше првата јавна расправа за финансирањето во спортот по новите предлог-законски мерки од ВМРО ДПМНЕ. Директорот Спасески оптимист дека на среден рок овие мерки ќе донесат подобри резултати во македонскиот спорт. 
-Со овие предложени мерки, кои што треба да значат развој на македонскиот спорт имаме голем оптимизам за постигнување добри резултати во сите спортови. 
Ако се земе во предвид дека директната инекција  по првата мерка а тоа е зафаќање од игрите на среќа ќе бидат во висина од 1,5 милиони евра годишно и очекуваме  тоа да има големо влијание врз олимписките спортови. 
Во индивидуалните спортови има можеби некои резултати но ние како мала земја треба да размислуваме  во насока подобро помалку спортови отколку расплинување и на тој начин подобри резултати и со паметно инвестирање и добра програма да ги вратиме оние спортови по кои како земја бевме препознатливи. 
Посебен тон очекувам да даде приватниот капитал кој  добива многу олеснувања и со тоа да се зголеми квалитетот во екипните спортови. 
Покрај сите мерки кои Владата на РМ преку АМС ги имплементираше  со стипендирање  и поддршка на спортот верувам дека овие дополнителни средства на среден и долг рок  ќе ги дадат очекуваните резултати.  Тоа ќе биде некаде на пример на среден рок од 2020 до 2030 година. 
Еве да го земеме на пример Исланд кој  имаше добри резултати во ракомет но по повеќегодишно директно инвестирање постигнува добри резултати во фудбал па и во кошарка и другите спортови. 
Ние сме мала земја, имаме таленти и затоа верувам дека веќе на среден рок ќе имаме голем спортски бенефит истакна директорот на АМС  Марјан Спасески веќе по првата расправа за новите предлог мерки на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.