-->
-->
Спасески ги прими медалистите од македонската таеквондо репрезентација
-->
Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска оствари средба со претставниците на Таеквондо репрезентацијата на Македонија, која постигна одлични резултати на неодамна завршениот Г-1 турнир, кој изминатиот викенд се одржа во Софија, Бугарија. Станува збор за турнир од највисок ранг во олимпиското таеквондо, турнир од кој се собираат бодови за ОИ во Токио 2020.
Актуелниот Балкански јуниорски шампион Дејан Ѓорѓиевски дебитираше како сениор и со свои 17 години успеа со четири победи да освои златен медал. Тој победи борци од светските велесили во таеквондото како Аргентина, Германија и Србија, а во финалето го победи и актуелниот медалист од Европското сениорско првенство, Хрватот Голец.
Исто така, значајно е да се спомене дека и актуелниот Балкански Јуниорски шампион Филип Додевски го освои бронзениот медал на овој турнир во јуниорска конкуренција.
- Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци. Сигурен сум дека Дејан Ѓорѓиевски има сериозни шанси и можност за освојување норма за Олимпијадата во Токио. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите, само со првата распределба на средства од игрите на среќа и од редовните буџетски средства се доделени вкупно 1.080.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 50.000 денари, истакна Спасески и порача дека АМС и понатаму ќе го помага овој спорт.
Носителите на медали се заблагодарија за поддршката која ја добиваат од Агенцијата и најавија многу напорна работа и нови победи за исполнување на целта, а тоа е обезбедување норма за следните Олимписки игри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка