Македонија
1. August 2021 - 18:55

Спасено малолетно лице кое се давело во Охридското Езеро

Попладнево е извлечен и спасен давеник од водите на Охридското Езеро.

Порталот Охрид1 јавува дека станува збор за малолетно лице.

Екипата на Брза помош стигнала на лице место во рекордно време и покрај големите колони возила, кои се движат кон најпопуларните плажи во преполниот Охрид.