Спасени седум од 22 кинески рудари кои се затрупани две недели
Спасувачки екипи извлекоа седум кинески рудари на безбедно, откако две недели беа затрупани во рудникот по експлозијата која ги спречи да излезат, објави државната телевизија ККТВ.
Се претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудара, се уште се живи во затрупаниот рудник за злато.
На телевизиската видео снимка се гледа како утрово спасувачките екипи го извлекле првиот рудар, кој бил во „исклучително слаба физичка состојба“ и веднаш е пренесен в болница.
Спасувачките екипи се борат со тешки услови за да им помогнат на работниците блокирани под земјата по експлозијата во рудникот, која се случи на 10 јануари во провинцијата Шандонг.
Првпат пред една недела беше воспоставен контакт со 11 рудари, кои се затрупани околу 580 метри под земјата. Еден од нив бил тешко повреден во експлозијата и подоцна починал.
Спасувачите им доставуваат храна, лекови и други потребни материјали преку неколку дупки кои се направени во карпите. Спуштени се и детектори во други делови на рудникот, во надеж дека ќе бидат пронајдени останатите затрупани рудари.
Спасувачките екипи соопштија во петокот дека можеби ќе бидат потребни најмалку уште две недели за да бидат извлечени рударите на безбедно.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток