Свет
29. August 2017 - 17:38

Спасени 300 мигранти во близина на либискиот брег

Либиската крајбрежна стража спасила повеќе од 300 мигранти во море, западно од Триполи, изјави денеска портпарол на либиската морнарица.

Рано изутринава биле спасени 140 илегални мигранти западно од Триполи и уште една група од 164 мигранти во близина на Сабрата, меѓу кои имало седум жени и шест деца, истакна портпаролот.

Според него, станува збор за мигранти од земјите на субсахарска Африка, Египет, Мароко и Тунис.