Свет
22. јуни 2018 - 15:41

Спасени 140 деца, беа отсечени од светот два дена: Бури и поплави го парализираа Тексас и Монтана

Спасувачките екипи со хеликоптери во Тексас и Монтана спасија стотина луѓе, меѓу кои и 140 деца, кои поради поплавите два дена беа заробени во еден планински камп.

Монтана тукушто почна да се опоравува од пролетните поплави кога пред три дена ја погоди бура.

Метеролозите предвидуваат дека во наредните денови поголем дел од централните и југоситочните делови на САД ќе бидат во опасност од силни бури, пренесе АП.