Свет
26. December 2015 - 9:34

Спасени 11 рудари затрупани во рудник во Кина

Спасувачките екипи досега успеаја да извлечат 11 рудари, кои вчера остана затрупани во еден рудник во источната кинеска провијнција Шангдонг.

Според кинеските медиуми, во рудникот се заглавени уште 18 рудари. Спасувачите информираа дека го лоцирале местото на кое се наоѓаат рударите, но операцијата за нивно извлекување е отежната поради честите одрони во рудникот предизвикани од неколкуте свлечишта во регионот.

Во текот на вчерашниот ден од рудникот биле извлечени 10 рудари, а 11-от бил спасен изутринава.

Во рударски несреќи во Кина годинава загинаа 931 лице, што е значително помалку во споредба со 2002 година, кога животите ги загубија 7.000 рудари.

Кинеските рудници важат за најнебезбедни во светот, но последниве години беа воведени засилени се мерки за безбедност при работа, што резултираше со намлување на бројот на жртвите при несреќи.