Македонија
19. December 2018 - 16:27

Спасена родилка со рак на срцето и нејзиното бебе во Аџибадем Систина

Спасени животите на трудница со рак на срцето и нејзиното бебе во “Аџибадем Систина“. Пациентката била во 9-тиот месец од бременоста.

Претходно со години во други здравствени устранови ја лекувале од астма. Кога во лоша состојба дошла во Клиничката болница се пожалила на потешкотии во дишењето. Лекарскиот тим по прегледот констатирал дека станува збор за голем тумор на целата десна преткомора. Веднаш ја внеле во операциона сала.

Прво го извршиле породувањето во 37-та недела, а веднаш потоа кардиохирурзите почнале со тешката интервенција која траела 6 часа.

И женското бебе е во добра здравствена состојба и немало потреба од дополнителна терапија.

Професорот Николиќ вели дека рак на срцевата преткомора е многу ретка болест, и како Клиничка болница се горди што успеале да ги спасат мајката и бебето.