-->
-->
Спасена премрзната 80-годишна старица во Велес
-->
Милка Климкарова, 80-годишна старица во центарот на Велес била спасена од премрзнување во нејзиниот студен дом. Таа веднаш била однесена во велешката општа болница премрзната и прегладнета, пренесува Телеграф.
Лекарите веднаш и дале медицинска помош и старицата е во стабилна состојба. Сè уште е во болница на закрепнување од големите длабоки рани на нозете од замрзнувањата.
- За состојбата со старицата беа известени надлежните од Центарот за социјална работа, кои по нејзиното пуштање од болница треба некаде да ја згрижат бидејќи таа не е бездомник и има дом, но за неа нема кој да се грижи. Помош најавија и од општинскиот Црвен крст - појаснува Орце Николовски од Општина Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата