Македонија
11. January 2017 - 18:54

Спасена премрзната 80-годишна старица во Велес

Милка Климкарова, 80-годишна старица во центарот на Велес била спасена од премрзнување во нејзиниот студен дом. Таа веднаш била однесена во велешката општа болница премрзната и прегладнета, пренесува Телеграф.

Лекарите веднаш и дале медицинска помош и старицата е во стабилна состојба. Сè уште е во болница на закрепнување од големите длабоки рани на нозете од замрзнувањата.

- За состојбата со старицата беа известени надлежните од Центарот за социјална работа, кои по нејзиното пуштање од болница треба некаде да ја згрижат бидејќи таа не е бездомник и има дом, но за неа нема кој да се грижи. Помош најавија и од општинскиот Црвен крст - појаснува Орце Николовски од Општина Велес.