Живот
27. May 2023 - 20:28

Спасена дива мечка од стапица во атарот на село Брајчино | ВИДЕО

Полицајци спасија дива мечка фатена во стапица во атарот на село Брајчино.

-Во близина на манаститот Св. Петка полициски службеници од Регионалниот центар Југ, во атарот на селото Брајчино спасија дива мечка фатена во стапица, соопштија од МВР за МИА.

Тие денеска заедно со ветеринар, ловочувар и лица од ДЗС го спасиле животното, кое потоа е вратeно назад во планината.