-->
-->
Спал со сензационална победа против Јувентус
-->
СПАЛ, со пресврт, ги победи Јувентус 2:1 и ја одложи прославата во Торино. Јувентус повеќе немаат шанси да постават нов апсолутен рекорд, генерацијата на „сатрата дама“ што ја предводеше Антонио Конте ќе остане рекордер со 102 бода во една сезона.
Тинејџерската ѕвезда, Мојзе Кен во 30 минута го постигна првиот гол на натпреварот. Комбинираниот тим на Јувентус со минимална предност замина на полувреме, а во вториот дел, во 49 минута резултатот го израмни Бонифази.
Вториот пораз на Јувентус оваа сезона му го нанесе Флокари со голот постигнат во 74 минута.
СПАЛ ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари и со 35 бода се на 13 место, додека Јувентус се сигурни на врвот со 84 бода, 20 повеќе од Наполи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи