Спајсер: Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави поранешниот советник и портпарол на Трамп, Шон Спајсер.
„Тој ќе учествува“, рече Спајсер за време на интервјуто за неговата книга, која наскоро ќе биде објавена под наслов „Радикална нација: Опасниот план на Џо Бајден и Камала Харис за Америка“.
Спајсер рече дека политиката на администрацијата на американскиот претседател Бајден во последните неколку месеци, особено во врска со прашањата релевантни за Трамп, како што е имиграцијата, го охрабри поранешниот претседател да ја разгледа својата кандидатура за општите избори следната година, бидејќи планира да биде влијателен во обликувањето на американската политика.
По претседателските избори во САД, на кои Бајден беше избран за претседател, Трамп тврдеше дека гласањето е наместено, за што, и покрај пребројувањата и истрагите, не се пронајдени никакви докази.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени