Свет
11. April 2017 - 22:20

Спајсер: САД се отворени за стратешка соработка со Русија

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е отворена за стратешка соработка со Русија, изјави вечерва портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

- Ние сме отворени за стратешка соработка со Русија, кога со неа можеме да ги оствариме заедничките цели, како што е уништувањето на Исламската држава. Но, ние нема да отстапиме од нашите интереси и вредности, кога меѓу нас нема согласност, изјави Спајсер.

Тој нагласи дека посетата на Русија на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој попладнево допатува во рускиот главен град, е доказ за намерата на Вашингтон за зачувување на директните врски со Москва.

- Постетата е дел од нашите напори за зачувување на непосредните врски за комуникација со високи руски претставници и доказ дека јасно ги искажуваме ставовите на САД за слулчувањата во Сирија, за борбата против тероризмот, за Северна Кореја и за други прашања, потенцира Спајсер.

Тој нагласи дека Русија треба во целост да ги исполнува обврските кои ги презеде во Сирија, Украина и околу догооврот за уништување на ракетите со среден и краток дострел, како и за други прашања кои предизвикуваат вознемиреност во меѓународната заедница.  

- Рекс Тилесрон јасно ќе го порача тоа за време на посетата (на Москва), додаде Спајсер.

Во меѓу време, неименуван висок претставник на Белата куќа во изјава за американските медиуми ја обвини Русија дека се обидува да ја избегне сопствената одговорност за минатонеделниот напад со хемиско оружје во сириската провинција Ислиб, за кој Западот ја обвинува Армијата на Сирија. 

Според претставникот, кој побарал анонимност, сириската армија го извршила нападот со сарин, со цел да го спречи напредувањето на бунтовниците на тоа подрачје.