Свет
3. February 2017 - 21:17

Спајсер: Администрацијата ја Трамп ја разгледува политиката кон Куба

Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп врши сеопфатен и целосен преглед на сите досегашни политики на Вашингтон кон Куба, соопшти денеска портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер. 

- Вниманието при овој преглед ќе биде фокусирано на политиката кон човековите права, како дел од заложбите на САД за заштита на овие права на граѓаните во целиот свет, нагласи Спајсер.

Изјавата на Спејсер беше одговор на новинарско прашање дали новата американската Администрација планира промена на политиката кон Куба.