Ракомет
14. December 2015 - 8:23

СП - жени: Романија во осминафиналето го елиминира светскиот првак

На Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска, синоќа Романија во осминафиналето направи изненадување со триумфот над светскиот првак Бразил. Во текот на целиот натпревар Романките имаа предност и заслужено стигнаа до победата од 25:22.
 
Во четвртфиналето тие ќе играат против домаќинот Данска, која со 26:19 ја совлада Шведска.
 
Најубедлива победа во осминафиналните дуели оствари Холандија која со 36:20 славеше во дуелот со Србија, додека Норвешка ја победи Германија со 28:22.
 
Попладнево се играат другите осминафинални дуели: 
Шпанија – Франција, 
Полска – Унгарија, 
Русија –Јужна Кореја и 
Црна Гора – Ангола.
 
Во четвртфиналето Холандија ќе игра со победникот од дуелот Шпанија – Франција, додека Норвешка за ривал ќе го има поуспешниот од натпреварот Црна Гора – Ангола. Победниците од натпреварите Полска – Унгарија и Русија – Јужна Кореја ќе играат меѓусебе.
 
Четвртфиналните натпревари се играат на 16 декември.