Ракомет
18. December 2015 - 13:14

СП - жени: Полуфинални пресметки

На Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска денеска се играат полуфиналните дуели, како и натпреварите за пласман од 5-8.место. Во првото полуфинале ќе играат Холандија и Полска. Со самиот пласман во полуфиналето двете селекции направија одличен резултат, додека Холандија е единствената селекција без пораз на шампионатот. Во натпреварот од групата Б Холандија убедливо ја совлада Полска со 31:20.
 
Во второто полуфинале олимпискиот и европски првак Норвешка е фаворит во дуелот со Романија. Во рамките на групната фаза (група Д) Норвешка победи со 26:22, но во нок аут натпреварите Романките го елиминираа светскиот првак Бразил и домаќинот Данска.
 
Како најава на полуфиналените дуели се и натпреварите за пласман од 5-8.место: Франција – Русија и Данска – Црна Гора.