Ракомет
4. December 2019 - 20:06

СП (ж): Франција ја совлада фаворизираната Германија

Продолжуваат возбудувањата на СП во ракомет за жени што се игра во Јапонија.  Во најинтересната пресметка  Франција ја совлада фаворизираната Германија со 27-25 додека Данска го надигра Бразил со 24-18.
По овие резултати Франција и Данска  во директен дуел за два дена ќе одлучуваат за вториот патник во полуфиналето во неизвесна трка со Ј. Кореја и Германија кои исто така ќе играат меѓусебен дуел по кој победникот ќе се пласира понатаму.