Ракомет
10. August 2019 - 19:40
СП У-19: Совладан и Бахреин, утре против Данска
На СП во ракомет за кадети што се игра во Скопје симпатизерите на Македонија ја поздравија и втората победа, овојпат против Бахреин од 27-25. Нашите млади репрезентативци обезбедија предност на стартот од мечот и ја одржуваа до крајот на средбата. Во еден момент водевме и со 5 голови предност а највозбудливо беше во последните 5 минути кога Бахреин израмни на 23-23. Победата ја обезбеди одличниот голман Петковски а најефикасен беше Серафимов со 10 погодоци заедно со Костески кокј застана на 7. Денеска Македонија има слободен ден пред утрешниот меч со фаворитот Данска.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->