Спорт плус
2. March 2018 - 9:38

СП (сала):Трето злато за Дибаба

Во Бирмингем, Англија стартуваше Светското првенство во атлетика во сала а првиот златен медал го освои

Етиопјанката Гензебе Дибаба која  третпат по ред е светска шампионка во сала на 3.000 метри. Дибаба во Бирмингем трчаше со време од  8:45.05. 

За 27-годишната Дибаба ова е потврда на класата и скоро непобедливоста на средни и долги патеки. Холанѓанката родена во Етиопија, Сифан Хасан го освои среброто, а европската шампионка од Белград минатата година, Британката Скот Муир се закити со бронзениот медал.

Данил Лисенко и Марија Лисицке, двајцата на шампионатот како неутрални спортисти, заради третманот на Русија на атлетските приредби, се нови светски шампиони во скок во вис во машка и женска конкуренција.