Loading Video...
Фудбал
25. јуни 2018 - 19:03

СП Русија: Уругвај го надигра домаќинот на мундијалот

Уругвај во борбата за првото место во А-групата  ја торпедира домашната селекција со 3-0  со што ги потврди своите високи амбиции на мундијалот.

Агонијата на Русија ја најави Суарез по прекрасно  изведениот слободен удар а беше потврдена со автоголот на Черишев.   Веднаш потоа  следуваше и исклучувањето на Смолников по што  славната зборнаја го загуби мотивот за пресврт на овој меч иако во вториот дел правеше обиди за постигнување гол.

Приказната ја заврши  Едисон Кавани со својот прв погодок на првенството за конечни 3-0.

Во вториот дуел од групата Саудиска Арабија го совлада Египет со 2-1 иако фараоните први го отворија резултатот со погодокот на Салах. До крајот Ел Фарај и Ал Давсари успеаја да направат целосен пресврт за достојно простување од шампионатот во Русија.