Фудбал
3. July 2018 - 9:27

СП Русија: Трилер-пресврт за пласман на Белгија во 1/4-финалето

Трилер меч одиграа селекциите на Белгија и Јапонија на СП во Русија.
Јапонците беа на прагот на сензација и водеа со 2-0 со головите на Харагучи и Инуи.
Белгија сепак не се предаде и со влегувањето на Фелаини и Шадли успеа да се консолидира.
Пресврт најави Вертонген во 70-тата минута а веднаш потоа по нафрлувањето на Азар стигна и израмнувањето што го подготви Фелаини.
И во моментите кога Јапонија напаѓаше буквално во последните моменти од средбата Белгијците организираа брз противнапад кој заврши со гол на Муние и победа на Белгија за пласман во четвртфиналето каде ќе игра со Бразил на 6. јули во Казан.
https://