Фудбал
28. јуни 2018 - 10:09

СП Русија: Тепачка на „Откритје арена“

Додека се играше дуелот од Е групата на Откритје арената во Москва настана тепачка помеѓу српските и бразилските фанови. Во тепачката учествуваше и жена која според информациите не е повредена и се се заврши со интервенција на редарите. Бразил на крајот славеше со 2-0 против Србија.