Фудбал
7. July 2018 - 18:57

СП Русија: Радост за Англичаните по дуелот со Шведска

Фудбалерите на Англија се третиот полуфиналист на мундијалот во Русија откако во полуфиналето славеа против Шведска со 2-0.
Фудбалерите на Гордиот Албион одиграа тактички добар натпревар и постигнаа два гола со подобра скок игра.
Првиот гол во првиот дел беше дело на Мегвајер по што англичаните се базираа на брзината на Стерлинг кој имаше неколку убави прилики за втор гол.
На почетоткот на вториот дел Шведска има неколку шанси за израмнување но Пикфорд одлично брани.
Во 59м. водство од 2-0  за Англија обезбеди Деле Али кој беше највисок во скокот и со тоа го најави првото полуфинале за островската репрезентација по 1990-тата година.
Швеѓаните до крајот на мечот имаа уште неколку прилики за почесен погодок но резултатот остана непроменет.
Противник на Англија во полуфиналето ќе биде победникот од последното четвртфинале Русија- Хрватска кое се игра вечерва.