Фудбал
23. јуни 2018 - 10:41

СП Русија: Пресврт победа за Швајцарија

Натпреварот кој со нетпрение беше очекуван и припадна на Швајцарија која успеа да направи пресврт и со 2:1 да ја совлада Србија за да направи чекор напред кон осминафиналето на Мундијалот во Русија, и во исто време на „орлите“ да им постави императив да ги победат Бразилците во последното коло за пласман понатаму.

Србија имаше посилен старт на натпреварот и рано дојде во водство, но по неколку пропуштени шанси во првото полувреме, Швајцарија направи пресврт со подобра игра во второто полувреме и преку Гранит Џака и Џердан Шаќири, двајца фудбалери со албанско потекло од Србија и Косово да им нанесат горчлив пораз.

Сега по две кола, Швајцарија и Бразил имаат по четири поени, Србија е трета со три поени, додека Костарика е без поени и веќе елиминирана. Швајцарците се поблиску до осминафиналето бидејќи во последното коло играат со Костарика, додека Србија ќе го „нагости“ фаворитот Бразил.