Loading Video...
Фудбал
30. March 2018 - 19:02
СП Русија: Лев најплатен селектор
Покрај скапите фудбалерите кои ќе настапат на Мундијалот во Русија многу пари чинат и селекторите кои ги водат националните селекции.
Според податоците најскап е германскиот селектор Јоаким Лев со годишна плата од 3 милиони и 850 илијади евра. Веднаш зад него се селекторите на Бразил, Тите и на Франција Дешан со по 3,5 милиони додека рускиот селектор Станислав Черчесов заработува годишно 2,6 милиони евра.
Интересно што меѓу одлично платените тренери на национален тим е и Карлос Сејрош кој од федерацијата на Иран е платен 2 милиони евра годишно.
Најмала годишна плата има селекторот на Сенегал Алију Сисе 200 илјади евра. Тука на дното е и српскиот селектор Младен Крстајиќ со 300 илјади евра за една година.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->