Фудбал
21. July 2018 - 10:32

СП Русија: Инцидентот во финалето ќе заврши со казна за редарите

Претседателот на Организацискиот комитет на Светското фудбалско првенство во Русија Алескандар Алексеј Сорокин изјави дека редарите на финалниот дуел ќе бидат казнети откако дозволија членовите на групата Пуси Рајот да истрчаат на терен.
Инцидентот се случи во 52м кога членовите на панк групата втрчаа во теренот облечени како полицајци и на кратко го прекинаа натпреварот.
Сорокин изјави дека редарите се предадени на дисциплинската комисија и дека се повлекле инстиктивно од почит кон луѓето во полициски униформи.
Во неговата изјава не е наведено која би можела да биде казната на обинетите.