Loading Video...
Фудбал
24. јуни 2018 - 18:50

СП Русија: Хет трик на Кејн за втора победа на Англија

Селекцијата на Англија предводена од извонредниот Хари Кејн ја торпедираше Панама со 6-1 на мечот во Нижњи Новгород и со 6 бода се пласира во осминафиналето на Мундијалот во Русија.

Мечот беше решен уште по првиот дел кога „Гордиот албион“ водеше со 5-0.

Покрај Кејн два гола постигна Стоунс а еден Лингард.

За Панама почесен погодок забележа Балој.

Во последното коло од групата Англичаните ќе играат директен дуел за 1.место со Белгија.