Фудбал
11. July 2018 - 10:15

СП Русија: Франција прв финалист, еден гол доволен за радост

Селекцијата на Франција е првиот финалист на мундијалот во Русија откако во полуфиналето славеше со 1-0 против Белгија.
Стрелец на единствениот погодок беше Умтити со глава на почетокот на вториот дел.
Белгија играше добро имаше свои шанси но не успеа да ги искористи па на крајот„три-колорите“ можеа да слават и поубедлива победа но Куртоа ги отстрани сите закани.
Вториот финалист се очекува вечерва кога силите ќе ги одмерат Хрватска и Англија (20ч).