Loading Video...
Ракомет
13. December 2019 - 19:18

СП Ракомет (ж): Финале Холандија - Шпанија

Селекциите на  Шпанија и Холандија ќе играат во финалето на СП во ракомет за жени што се игра во Јапонија.

Шпанките во полуфиналето одиграа извонредно второ полувреме против фаворизираната Норвешка и славеа со 28-22.

Во првиот дел резултатот беше израмнет но во вториот дел Сабрал и Родригез ја предводеа Шпанија до фуриозна победа. Овие две ракометарки постигнаа вкупно 13 погодоци.

Вториот патник во финалето е селекцијата на Холандија која беше подобра за гол од Русија и на крајот славеше со 33-32 откако  Вјакирева не го реализира последниот напад за руската селекција.  Во победничката селекција доминираа  Полман со 9 и Албин со 8 погодоци  додека Вјакирева беше најефикасна со вкупно 11.