Loading Video...
Ракомет
17. јуни 2020 - 19:42

СП Ракомет: Полска и Македонија фаворити за вајлд-карти

Надежни информации за македонскиот ракомет доаѓаат од светската федерација која треба да додели две вајлд карти за настап на следниот ракометен Мундија. 
Откако првиот човек на ИХФ Хасан Мустафа потврди дека СП ќе се игра во Египет во јануари народната година, тој најави дека наскоро ќе се знаат и селекциите кои ќе добијат специјални покани.  Според рејтингот на Европа и следуваат две вајлд-карти за кои конкурираат 5 селекции. 
Медиумите  јавуваат дека најголема шанса да добијат  покана имаат Полска која ќе биде домаќин на СП во 2023-та година и Македонија.  Мали шанси според овие извори имаат Русија и Србија додека Црна Гора е речиси без шанси да добие вајлд-карта за светскиот ракометен настан. 
Да потсетиме дека поради пандемијата со Ковид -19 беше донесена одлука да не се игра бараж дуелите каде Македонија требаше да игра со една од најсилните светски селекции Франција.