Ракомет
29. January 2017 - 10:28

СП Ракомет: Од минус 8 до бронза

Ракометарите на Словенија, во трилер меч ја совладаа Хрватска 31:30 (13:18) и го освоија бронзениот медал на 25-то Светско првенство. Бронзата од Франција е вториот медал од големите натпреварувања за словенечкиот ракомет, по среброто на Европското првенство во 2004 година.
Во само два дена, во Берси, хрватските ракометари беа актери на неверојатен меч и како и во полуфиналето со Норвешка тие беа поразени. Словенија со неверојатен пресврт во последните 20 минути надоместија негатива од осум гола и стигнаа до бронзениот медал.
 
Хрватите две третини од натпреварот имаа целосна контрола врз она што се случуваше на теренот, по почетната предност на противникот од 3:2, тие со серија од пет гола се „одлепија“ на 3:7.
 
Лесно Хрватска, благодарение на цврстата одбрана не само што ја одржуваше предноста туку и додаваше по некој гол. Во последната минута стигнаа и до максималната предност, во тој период, 12:18.
 
Словенците карактер покажаа во второто полувреме, иако и тој период не започна идеално за нив. Хрватска, во 40.минута имаше осум голови повеќе од противникот (16:24), а на истекот од 47-та позитива од шест гола (21:27) и тука застанаа.
 
Дали поради заморот (Хрватите во петокот го играа полуфиналето), во последните 13 минути Хрватска немаше одговор за брзата игра која во нападот ја диктираше Словенија.
 
Избраниците на Веселин Вујовиќ трпеливо ја топе предноста, во последните десет минути влегоа со негатива 23:27, но до крајот, направија серија 7:3 за конечен триумф.
 
Во последните две минути Хрватска влезе со предност 29:30 по голот на Шебетиќ, потоа израмни Јанц, а на почетокот на последната минута Мацковшек го постигна решавачкиот гол, откако Хрватска за речиси 50 секунди не успеа да организаира добар напад.
 
Маргуч, Цингесар и Безјак со по четири гола беа најефикасни кај Словенија, додека Хрватите ги предводеше вардарецот Циндриќ со седум гола, еден повеќе од Штрлек.
 
Светското првенство во ракомет ќе заврши в недела со финалниот меч помеѓу Фрнација и Норвешка кој ќе започне во 17:30 часот.
https://