Loading Video...
Ракомет
28. December 2018 - 19:06

СП Ракомет: На стартот против Јапонија

Нашите најдобри ракометари денеска и утре ги закружуваат последните тренинзи во 2018 година во рамките на подготовките за мундијалот во Германија и Данска.

                На 5- 6-ти јануари се планирани контролни дуели со селекцијата на Србија.  

                 Избраниците на селекторот Раул Гонзалез  овие два дена  ќе тренираат во салата во Автокоманда наместо  во Борис Трајковски.  Потоа следуваат три слободни дена до првиот собир во новата година на 3. Јануари за кога и раккометната федерација ја најави и промоцијата на новиот дрес со кој ракометарите ќе играат  на светското првенство. 

          Во отсуство на Миркуловски и Прибак ќе биде интересно да се види кој ќе ја пополни позицијата среден бек.  Еден од кандидатите е младиот Марио Танковски.

          Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Б  а првиот натпревар е против Јапонија на 11. Јануари во Минхен.  Во истата група во првото коло ќе играат уште Исланд –Хрватска и Бахреин –Шпанија.