Спорт плус
27. February 2019 - 18:48

СП Нордиско скијање: Прво индивидуално злато за Сандбај

Искусниот норвешки скијач Мартин Јонсруд Сандбај го освои првото злато во поединечна конкуренција на светските првенство откако забележа драматична победа на патеката од 15км.

          Сандбај кој најчесто е дел од екипната конкуренција има 7 златни медали од мундијалите а на СП во Зефелд веќе освои две тимски злата и еден сребрен медал. Русинот Болшунов кој долго време беше во водство го освои сребрениот медал додека бронзата му припадна на Финецот Нисканен.