Фудбал
16. October 2017 - 15:21

СП (бараж): И Хрватска меѓу носителите

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа и ги потврди листите на носители, односно неносители во европскиот бараж за пласман на Светското првенство во Русија.
 
Ждрепката за европскиот бараж ќе биде извршена во вторник, а ФИФА соопшти дека носители ќе бидат репрезентациите на Швајцарија, Хрватска, Италија и Данска, кои за противници можат да ги добијат Северна Ирска, Шведска, Република Ирска или Грција.
 
Првите бараж-мечеви ќе се играат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите ќе бидат на програмата во периодот помеѓу 12 и 14 ноември